Со закана со пиштол се обидел да ограби 12 годишно момче

Од:

Непознат сторител со закана со пиштол се обидел да ограби 12 годишно момче на улица Дрезденска во Скопје.

Напаѓачот го прашал момчето за часот, по што од пантолоните извадил пиштол, го репетирал и почнал да му пребарува по џебовите од јакната. Кога увидел дека нема што да му земе, сторителот го напуштил местото.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.