А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Захарова: Договорот од Преспа предизвика дополнителен раскол во двете земји

by А1он18/07/2018 - 16:1195
Share0

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска излезе со став дека договорот за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција не се потпира на широк консензус.

Добивај вести на вибер

Таа на својот Твитер налог објави дека договорот наместо да предизвика обединување, предизвикува раскол во двете земји.

-Решението за името треба да се потпира на широк општествен консензус и беспрекорна уставна основа. Преспанската спогодба не е таков случај. Таа само предизвика дополнителен раскол и во Грција и во Република Македонија, објави Захарова на Твитер.

Захарова минатата недела изјави дека стремежот на НАТО механички да се прошири во Европа не може да ја зацврсти безбедноста, а форсираното вовлекување на Македонија во тој воен блок, само потврдува дека „политиката на отворени врати“ станува самата на себе цел.

Таа тогаш на брифингот за новинарите во Москва меѓудругото рече дека форсираното вовлекување на Македонија во НАТО претставува инструмент за освојување на геополитички простор.

-Станува збор, всушност, само за едно – за постигнување воена предност, изјави Захарова на 12 јули, кога Македонија и официјално доби покана за членство во НАТО.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен