А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Захариева донираше компјутери на детската градинка во Ново Село

by А1он15/06/2018 - 18:5497
Share0

Министерката за надворешни работи на Република Бугарија Екатарина Захариева, во придружба на бугарскиот амбасадор и конзул во нашата држава, денеска донираше пет компјутери од бугарската влада на детската градинка „Сонце“ во струмичко Ново Село.

Следете a1on на Instagram Instagram

Захариева во Ново Село беше пречекана од градоначалникот на општина Ново Село Боро Стојчев и директорката на градинката Лилјана Зекирова, при што изврши обиколка на објектот и се запозна со условите за престој на децата и на персоналот.

– Подаривме пет супер модерни компјутери од најновата генерација на детската градинка „Сонце“ во Ново Село. Сметаме дека е многу важно децата уште од најрана возраст да бидат воспитувани и образовани за дигиталните вештини. Сметам дека нашата донација ќе биде полезна и за персоналот и за раководството на градинката и сум восхитена од тоа што го видов тука, рече Захариева.

Директорката на драдинката, Лилјана Зекирова, се заблагадари на донацијата и при тоа истакна дека таа ќе биде од многу голема корист за градинката, бидејќи современиот живот не може да се замсили без оваа техника.

Следете a1on на Youtube YouTube

Градинката „Сонце“ во Ново Село пред извесно време е целосно реконструирана и доби термоизолациона фасада преку средства од ИПА програмата за соработка меѓу Македонија и Бугарија.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео