Загадувањето во Тетово и Гази Баба повторно на високо ниво

Од:

Загадувањето во Скопските населби и во Тетово не стивнува. Денеска во населбата Гази Баба се измерени 291 микрограм на метар кубен од канцерогените Пм 10 честички, што е 6 пати над границата.

12285912_463472313837103_799279425_n

Во Тетово пак, загадувањето изнесува 105 микрограми што е 2 пати над границата, а како што може да се види на сајтот на „Мој воздух“, канцерогените Пм 10 честички се немаат спуштено под 56 микрограми на метар кубен.

12282781_463472317170436_1944315153_n

А1он повеќе пати алармираше за состојбата со загадувањето, а кога ги прашавме надлежните за преземање на мерки, тие вината за негрижата си ја префрлаа едни на други.

Граѓанската иницијатива „Ќе дишеме или ќе издишеме“ веќе го осудија односот на власта кон опасното загадување и најавија масовни протести како и здружување со другите иницијативи.

Иако од таму искажаа загриженост за високата концентрација на Пм 2.5 честичките кои директно се вдишуваат во белите дробови и претставуваат најголема опасност за кардиуваскуларниот систем, во најголем дел од денот тие честички не се мерат.

Александар Тодески