Актуелниот градоначалник и кандидат за трет мандат за да ја води Струмица, Зоран Заев, преку Facebook му упати прашање на пратеникот Славе Гошев, како и на кандидатот за градоначалник на Струмица од ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев, зошто не го поддржале амандманот на СДСМ за обезбедување буџетски средства за чистење на каналите.
Заев потенцира дека ако тоа го стореле, и ако на терен каналите биле исчистени, денеска немало да се зборува за поплави и за штети.
Господинот Славе Гошев треба да даде одговор на прашањето дека ова што се случува е навистина селективно и самиот чин на читање на лица поединечно со куќни броеви потврдува дека навистина ова се прави селективно. Во спротивно од каде ќе знае Славе Гошев кои лица се посетени, кои се оштетени и точно нивните имиња ги употребува во пресот и уште повеќе кои лица кои претрпеле штета се исплатени. Зошто тоа не го знаеме ние од Социјалдемократскиот сојуз, прашува Заев.