Премиерот Зоран Заев на првата средба во новата година кај министерот за финансии Драган Тевдовски објави дека капиталните инвестиции во 2017 година биле реализирани за приближно 83,6 проценти. Според Заев и Тевдовски оваа е најголема реализација на стапка на капитални инвестиции од 2013-та година па наваму. Премиерот на пресот рече дека економијата заздравува по политичката криза и очекува 2018-та да биде надежна.
„Не е време за избори време е за работа“, рече Заев охрабрувајќи ги инвеститорите да прават планови за тековната година. Во 2016-та година реализацијата на капиталните инвестиции била под очекуваното, рече Заев, а министерот за финансии објави дека државата имала успешна наплата на сите даноци. Според премиерот, реализирани се 72 проценти од повратот на ДДВ за компаниите. Тој порача дека данокот мора да се плаќа, а парите да се враќаат кај граѓаните.
„Секој договор склучен како јавна набавка, им препорачав на министерствата и институциите транспарентно да го објавуваат на нивните веб-страници“, рече Заев.
В. Маглешов