Заев: В година ова време ќе ги отвориме првите поглавја за членството во ЕУ

Од:

Премиерот Зоран Заев на заедничката прес конференција со еврокомесарот Јоханес Хан истакна дека Македонија
има причини да слави и да работи. Догодина ова време ќе ги отвориме првите поглавја за членство во Европската Унија.

-Лани во Брисел со еврокомесарот Хан и високата претставничка, Федерика Могерини, договоривме заеднички пристап за исполнување на условите за напредок во Унијата. Се договоривме дека ќе испорачаме резултати, а ЕУ ќе испорача соодветна награда. Врз основа на успехот на реформскиот план 3-6-9, Македонија доби безусловна препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ“, рече Заев.

Тој додаде дека со договорите што беа склучени со Бугарија и Грција, Македонија постигнала историски успеси и го отворила патот кон Европската Унија.