(ВИДЕО) Заев: Утре нова лидерска, однесувањето на Мицкоски неодговорно

Од:

Сите што останавме на лидерската средба сме за успешен референдум, а однесувањето на Мицкоски демонстрирано во име на ВМРО-ДПМНЕ е несериозно, неодговорно и навредливо кон сите политички субјекти и граѓаните на Македонија, рече вечерва премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев по лидерската средба во клубот на пратениците.

Заев соопшти дека за утре во 12 часот е закажана уште една лидерска средба во помал состав на која, како што истакна, Мицкоски ќе може да се изјасни дали е за НАТО и ЕУ, како и дали е за тоа граѓаните да одлучуваат за иднината на Македонија.

-Ако Мицкоски е за НАТО и ЕУ требаше да седи со сите лидери тука и да носи одлуки за иднината на државата, но одлучи да избега од ова историски најважно прашање за македонската иднина, потенцира Заев.

-Оваа лидерска средба ја свикавме за да одлучуваме заедно и да избереме стабилност, безбедност и иднина. Ние партиите кои сме за НАТО и ЕУ, сме за успех на референдумот. Ги информирав лидерите за процесот, дали се за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот со Грција, со законот за референдум. Волјата на граѓаните ќе биде конечна“ – истакна Заев.

Тој дополни дека е должен на граѓаните да им обезбеди да излезат на референдум, кој ќе покаже во кој правец треба да ја водат државата.

-Амнестија ниту јас, ниту Мицкоски немаме право, во држава каде се бориме правата да важат за сите. Оставам простор утре во лидерската средба да продолжиме со разговорите, се работи за принципиелни работи, јас немам против и не сум со неразбирање за граѓаните ако гласаат против на референдумот, иако сум убеден дека граѓаните ќе го подржат, но да им обезбедиме да се изјаснат-истакна Заев.

Тој потенцираше дека изборите се секогаш можна опција.