Заев: Последно да ми е нема да одам на избори сам!

Од:

Актуелниот струмички градоначалник Зоран Заев ќе ја почитува одлуката на што ја донесе партијата за бојкот на изборите.

Тој во изјава за Фактор вели дека нема намера сам да оди на локалните избори.

„Јас сум Зоран Заев. Јас и СДСМ меѓусебно се гордееме на она што сме. Последно да ми е на светот, тоа нема да го сторам. Нема да одам сам на локалните избори.

Тоа е само желба на ВМРО-ДПМНЕ. Но, можам да им порачам дека никогаш нема да ги направам среќни“, изјави Заев за Фактор.