Премиерот Заев најави дека во текот на идната недела очекува средба со лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на која ќе го брифира за европските одлуки, како и за пописот бидејќи според него потребна е вклученост и на опозицијата за овие прашања. Заев очекува да разговараат и за иднината на СЈО , прашање кое остана отворено со предлог законот за јавно обвибителство, како и за промена на изборниот модел.
-Ќе разговараме и за пописот, за законот за ЈО, во кој е и проблемот со иднината на СЈО. Верувам дека ќе поразговараме и за Изборен законик, модел, да формираме групи. Имаме доволно долг период до редовните избори, рече Заев.