Заев најави нови методи на дејствување на опозицијата

Од:

Потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев, за Радио Слободна Европа најави нови методи на дејствување на опозицијата во наредниот период.

– Новите медоти ќе бидат поинакви од досегашните мeтоди кои ги применувавме, поради тоа што со денот на поднесување на листите поминавме во еден друг период кадешто од нас како опозиција се очекува други начини на изразување револт и отпор – изјави Заев за Радио Слободна Европа.

Тој очекува трезвеност од власта, а вели дека ја знае и подготвеноста за отрезнување во неговата партија и во целата опозиција.

– Доколку не постојат веќе никакви можности за разговор и слично, апсолутно ние како опозиција имаме намера да останеме да живееме во оваа земја и не само тоа, туку да ја јакнеме нашата политичка позиција пред граѓаните, се разбира користејќи ги сите демократски методи коишто ни стојат на располаѓање – додава Заев.