А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Заев на католиците во Македонија им го честиташе воздигнувањето на Апостолскиот егзархат во Епархија

by А1он04/06/2018 - 11:0285
Share0

Премиерот Зоран Заев, на католиците во Република Македонија, им го честиташе воздигнувањето на македонскиот Апостолски егзархат во Македонија, во Епархија, од страна на Папата Франциск.

Добивај вести на вибер

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, испрати писмо со честитки и до Бискупот Скопски Д-р Киро Стојанов, кој со оваа одлука на Ватикан се стекна и со титулата Епарх на Епархијата Успение на Пресвета Богородица во Струмица – Скопје.

Во писмата со честитки до Д-р Киро Стојанов и до о. Марјан Ристов, канцелар на Бискупијата Скопска, се истакнува:

„Одлуката на Светиот Отец Папата Франциск, досегашниот Апостолски Егзархат во Македонија да го воздигне во Епархија под наслов Успение на Пресвета Богородица во Струмица – Скопје, за католиците од византиски обред, за нас претставува потврда за достојното внимание на Светата столица во Ватикан за верниците од католичката вероисповед во Република Македонија.

Во исто време со особено задоволство Ви го честитам именувањето за прв Епарх на ново востановената епархија и да Ви посакам успешна работа.

Слободата на вероисповедта и на верската определба, но и унапредување на правата и слободите на сите наши граѓани, останува цврста заложба во реформирањето на нашето заедничко општество во насока на подобра и европска иднина за сите граѓани на нашата Република Македонија.

Примете ги уште еднаш моите честитки и желби за успешна работа и плодна мисија на ново основаната Епархија, и за новата титула Епарх на Епархијата Успение на Пресвета Богородица во Струмица – Скопје“, напиша премиерот Заев во писмото со честитки.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто