Заев му ја честиташе изборната победа на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, упати писмо со честитки до претседателот Реџеп Таип Ердоган, по повод победата на претседателските избори во Турција.

Премиерот Заев во писмото до турскиот претседател Ердоган ги реафирмира традиционално добрите односи со Република Турција и изразува надеж за понатамошно унапредување на соработката во сите полиња од заемен интерес.

„Традиционалните пријателски односи помеѓу нашите две земји долги години се пример за меѓусебно разбирање и помагање во насока на развој на нашите општества и градење подобра иднина помеѓу нашите држави и нашите народи“, се наведува во писмото од премиерот Заев.

Во духот на долгогодишното пријателството, меѓусебна поддршка и соработка со Република Турција , премиерот Заев во оваа прилика напиша и дека ја очекува турската поддршка за аспирациите на Република Македонија за полноправно членство во НАТО алијансата.