(ВИДЕО) Заев: Ќе има промена на ресори, но и нови имиња во владината реконструкција

Од:

Премиерот Зоран Заев во недела ќе го достави до Собранието предлогот за владина реконструкција, наместо денеска како што претходно најави. Одлуките тврди тој дека веќе се донесени, но детали кои министри ќе бидат сменети не открива. Ќе има смена на ресори, но и нови имиња. Причината за одложувањето на реконструкцијата спред Заев е посетата на странски гости и претставници на ММФ и Светска банка.

– Тоа е причината што во недела попладне предлозите ќе ги доставам до Собранието, рече Заев.

Реконструкцијата во владата е поврзана и со “метлата” во партијата, каде се уште не се назначени попретседатели, а останале и 20тина претседатели на општински организации на СДСМ.

Заев не сакаше да го потврди ниту името на новиот предлог за министер за култура, кои според партиски извори од Алтернатива веќе ги договориле Заев и Гаши, станува збор за универзитетскоот професор Хисни Исмаили.