Заев ја прифати поканата за средба со Груевски

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ја прифаќа поканата за средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, соопшти СДСМ попладнево, откако Груевски упати покана за средба.

„Денешните потези на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека оваа партија единствено знае да реагира под притисок. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ја прифаќа поканата за средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Терминот за средба дополнително ќе биде утврден“, соопшти партијата.