А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Заев: Идната недела доаѓа Хан, почнува скрининг процесот

by А1он13/07/2018 - 22:18158
Share0

Следната недела со доаѓањето на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан почнува скрининг процесот, истакна вечерва премиерот Зоран Заев пред граѓанските организации со кои имаше консултативна средба во Владата.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Целта е на владина сесија да ги отвориме процесите, а тоа значи дека час поскоро треба да ја подготвиме државата и со преговарачката рамка и со преговарачките тимови за процесот за којшто е многу важно колкав период од времето ќе трошиме, рече Заев.

Додаде дека од 33-те поглавја за Македонија, ќе треба да има и 33 работни групи во кои ќе треба да се вклучат претставници и од институците и од граѓанскиот сектор.

Во однос на референдумот уште еднаш изрази уверување дека тој ќе биде успешен и оти идната недела ќе се прецизираат прашањата околу тоа кога ќе биде референдумот, дали тој ќе биде обврзувачки или консултативен и како ќе биде формулирано референдумското прашање. Најави дека ќе побара опозицијата и сите политички чинители да ги расчисат своите позиции во делот на референдумот.

Следете a1on на Youtube YouTube

Премиерот порача дека државата има потреба од граѓанскиот сектор кој има капацитет да се вклучи во сите процеси важни за државата.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео