Заев и Лика во Охрид ќе ги презентираат деталите за Законот за употребата на јазиците

Од:

По повод усвојувањето на текстот на Законот за употреба на јазиците во Република Македонија од страна на Владата на Република Македонија, премиерот Зоран Заев и заменик претседателот на Владата, задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем, Хазби Лика ќе ги презентираат деталите од договорот.

Изјавата за медиумите по повод усвојувањето на законот, претседателот на Владата, Зоран Заев и заменик на претседателот на Владата, задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем, Хазби Лика, ќе ја дадат денеска пред ресторанот „Лихнидос“ во Охрид.