Заев: Груевски веќе не може да биде премиер на Македонија

Од:

Македонски Брод е подготвен за промени, за нов почеток. Смачено ни е од лажни ветувања – вака граѓаните на Македонски Брод го пречекаа претседателот на СДСМ Зоран Заев, кој денеска од овој град испрати порака до сите граѓани на Македонија.

-Ви носам еден абер. Груевски веќе не може да биде на власт! Фатен е во криминал и пораката ќе стигне до сите граѓани во Македонија. Ние сме земја кандидат членка на ЕУ. Одговорност мора да има , рече Заев.

Заев пред граѓаните на Македонски Брод зборуваше за сиромаштијата со која се соочува народот, Промените на СДСМ , се со цел да им обезбедат сигурност на младите, да се отворат нови работни места, да се врати насмевката кај граѓаните.
Јас сум бил земјоделец, маките на народот ги знам. Знам колку е важно за еден млад човек да има сигурна работа, да може да формира семејство, да биде среќен. Нашата цел е токму таа. Луѓето да се чувствуваат сигурни и слободни и да можат да ја планираат својата иднина, но тука во Македонија, рече Заев.

Граѓаните на Македонски Брод се жалеа на неисполнетите ветувања.

Го нема патот Македонски Брод – Скопје, ги нема ветените игралишта, ги нема најавените амбуланти, се жалеше еден повозрасен жител.

Заев упати апел до граѓаните на Македонски Брод, на 27-ми април уште помасовно да излезат на гласање , зошто само заедно може да се стави крај на самоволието на власта, рече Заев.

Zaev

Zaev 3