(ВИДЕО) Заев: Фондацијата „Отворено општество“ вложи многу во Македонија

Од:

За време на режимот со сите граѓани бевме сведоци на закана за отворено општество. Поттикнати од поривот да го ослободиме, успеавме да застанеме на страната на слободата, изјави премиерот Зоран Заев на конференцијата „Има ли шанси отвореното општество во Македонија?”, по повод одбележувањето на 25-годишнината од постоењето на Фондацијата „Отворено општество – Македонија“.

„Граѓаните ги реафирмираа принципите на човековите права и слободи. Само ретроградните можат да го оспорат значењето на Сорос во градењето на слободата во општеството. Фондацијата вложи многу за добро образование, здравство, плурализам во медиумите. Дадовме збор дека и ние ќе ја градиме државата со транспарентност и отчетност“, рече Заев.

Овие денови, додаде тој, сме пред историски чекор. „Изградивме пријателство со Грција во насока на решавање на 25-годишниот спор. Свесни сме дека светот ја следи оваа заложба и историска можност. Да, отворено општество има шанса во Македонија и ќе продолжиме до конешно решение. Никогаш не сме биле поблиску, мораме силно да се спротивставиме на менталитетот дека сите ни се непријатели“, рече Заев.