Владата на Република Македонија информираше дека Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска имал 60 минутен телефонски разговор со претседателот на Владата на Република Грција, Алексис Ципрас. Разговорот се реализирал помеѓу 14 и 15 часот по македонско време.
„За време на разговорот се дискутираше за преостанатите прашања и беа разгледани неколку идеи за решенија. Во текот на утрешното претпладне ќе следува уште еден телефонски разговор“, велат од Владата
