Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по влажни коловози, а во западниот дел наместа со остатоци од снег по нашата интервенција. Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража, Маврово и Ѓавато, информира ЈП Македонијапат.
Оттаму потсетуваат дека во клисурите и усеците е можна појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д.Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.