Од вчера во осум до денеска до осум часот на 1.998 странски државјани им се издадени потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил, соопшти МВР.
Од нив 1.329 се од машки пол, 239 се од женски, 383 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 47 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 1.001, Авганистан 748, Ирак 106, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19.06.2015 до утрово во 8:00 часот, издадени се потврди на вкупно 115.499 странски државјани, од кои, 76.445 се од машки пол, 15.372 се од женски, 19.638 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 4.044 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 84.665, потоа Авганистан 14.948, Ирак 7.591, Пакистан 3.031 Палестина 1.169, Иран 761, Сомалија 711, Бангладеж 689, Конго 372, Нигерија 227, Камерун 184, Еритреја 166, Етиопија 1.290, Судан 118, додека останатите се во помал број, соопшти денеска МВР.