Врши ли некој контрола – по огласи се продаваат волци!

Од:

Нелегална трговија со диви животни во Македонија никако не запира, при што животните се одзимаат од нивната природна средина, се уништуваат легла, семејства, се осудуваат на заробеништво, страв, страдање, смрт – за што сведочат голем број огласи во електронските медиуми, а во овој случај евидентираме препродажба на мали волци.

За овие случаи се информирани Инспекторот за ловство и Агенцијата за храна и ветеринарсто. Бараме од нив да се спасат животните и Ве замолуваме за помош за да животните не бидат убиени, наведуваат од Анима Мунди.

Само суров човек може да ги одземе овие волкчиња од мајка, свесен дека сами не можат да преживеат, дека ги осудува на мачење и смрт! Ве замолуваме Вас да ни помогнете во заложбите овие волци да не завршат како експонати , играчки или жртви, како и никако да не биде вратени во ловиште, зошто во услови кога е одземен од човек, тие не можат да функционираат самостојно, како животни кои се родени и растени на слобода.

Потенцираме – волците најчесто се мачат за учење на кучиња за лов, за напаѓање, за борби. Со нив се постапува неописливо сурово и им предстои ужасна смрт. Имаме информација дека продавачот на волци од Зелениково имал цело легло, 7 малечки кои се продавани . Кога малку ќе потпораснат на волците се пуштаат ловџиски кучиња, а неретко се користат за расплод и вкрстување кучиња за борби.

Дури и да се спасат овие доколку волчињата само се одземат и вратат на ловиште веднаш ќе бидат усмртени, како лесен плен за отстрел, питоми, без шанса да преживеат – затоа нудиме помош во нивна понатамошна грижа, ресоцијализација и повраток во природната средина и бараме да бидеме вклучени и контактирани за да овие животни се спасат .
Бараме итно одземање на животните од профитерите и нивно казнување согласно Законот за заштита и благосостојба и Законот за лов, за мачење и незаконско поседување и продажба.

Целта ни е не само во иднина да бидат превенирани ваквите нелегални дејствија, туки и конкретно да се помогне и заштитат животите на овие животни – како и останатите кои се во иста состојба, велат од Анима Мунди.