Времето утре сончево со услови за краткотраен дожд

Од:

Времето утре ќе биде сончево со умерена облачност. Повеќе претпладне и кон југоисток ќе има зголемена облачност и услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер поизразен вдолж Повардарието и кон источните делови. УВ индексот ќе изнесува 8.

Температурата ќе се движи од 23 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.Температурата ќе достигне до 31 степен.

Потоа следува период на стабилно сончево и се потопло време со постепен пораст на дневната температура. Најтопло време се очекува кон средината на следната работна недела.