Времето утре сончево и топло, со температура до 41 степен

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен североисточен ветер. УВ-индексот ќе има вредност 9. Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а дневната од 31 до 41 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе достигне до 18, а дневната до 40 степени.

До средината на следната недела нашето подрачје ќе биде под влијание на сува и многу топла воздушна маса. Ова ќе предизвика период на претежно сончево, многу топло и суво време. Во поголем дел од земјава максималната температура ќе достигнува над 35, а на места вдолж Повардарието ќе надмине и 40 степени.