Осум вработени од веќе пропаднатата Пинк 15 денеска беа во Белград за да си ги побараат заработените, а неисплатени плати.
Поддршка добија тамошниот синдикат на медиумски работници, а со нив се солидаризираа и нивните колеги од српската ТВ Авала, кои се во слична ситуација.
Вратите од управната зграда на телевизијата останаа затворени за вработените од Пинк 15. Правдата веројатно ќе мора да ја бараат пред институциите и во Македонија и во Србија.