Возило излетало од патот кај Кичево, двајца повредени

Од:

Вчера во 02,25 на улицата „Маршал Тито“ во Кичево, се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило “Фолксфаген Голф“, управувано од А.Р.(22) од Кичево излетало надвор од коловозот и се превртело.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил сопатникот Л.Р.(18) кои биле пренесени во Медицинскиот центар Кичево за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кичево и се работи на целосно расчистување на случајот.