Возило излета во Брегалница, две жртви

Од:

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа во близина на четвртиот километар на патот Штип-Радовиш загинаа двајца штипјани.

Портпаролот на СВР Штип Гордана Панајотова вели дека несреќата се случила околу 19 часот кога патничкото моторно возило со кое се превезувале двајцата штипјани излетало од коловоз и паднало во реката Брегалница.

Р.Шалев (30) и К.Петров (41) двајцата вработени во штипскиот зтавор, загинаа во втората сообраќајна несреќа која се случи во рок од четири дена во Штип.

Загинатиот Петров е брат на Влатко Петров од населбата Чардаклија кој загина како припадни на АРМ за време на конфликтот во 2001 година, пренесува „Старплус“ на ТВ Стар.