Гостиварец на возраст од 27 години го загуби животот откако во него удрил воз на железничкиот премин во непосредна близина кај фабриката Жито Шар во Гостивар, денеска околу 13 часот, јави Нова Македонија.
Полицијата и обвинителството започнаа истрага за да се утврди кои се причините за несреќата. Возот број 663 се движел од Гостивар кон Тетово.