Вооружен скопјанец сакал да ограби златарница на Халкидики

Од:

Четириесет и шестгодишен скопјанец, вооружен со пиштол, завчера се обидел да ограби златарница во туристичкото место Сарти на Халкидики, Грција, објави грчката полиција, пренесува Република.

Според пријавата на грчкото МВР, која ја пренесуваат и тамошните медиуми, сопственикот на златарницата бил храбар и со помош на соседите-дуќанџии успеал да го спречат арамијата, кај кого подоцна полицијата пронашла и пиштол кој му бил сокриен под пазувите.