Нема да визна либерализација за Македонија бидејќи земјата не ја исполнила процедурата за воспоставување безвизен режим за патување во странски држави, изјавил американскиот амбасадор Пол Волерс, јави „Алфа“.
Доколку е мал бројот на оние кои својот престој во САД го продолжиле подолго отколку што било предвидено со добиената виза, Секретаријатот за одбрана на татковината може да дозволи вклучување на одредена држава во програмата за безвизно патување, дури и ако процентот на одбиени барања за виза е до 10 проценти – рекол амбасадорот Волерс.
Во случајот на Македонија, процентот на одбиени барања за визи е околу 20 отсто.
Патот кон САД за сега е отворен само за студентите.
Студентите можат да патуваат во САД за да работат во текот на летото и нешто да заработат, да се вратат назад и сето тоа да го пренесат како искуство во нивната земја – истакнал американскиот амбасадор.