Водостојот на Дрим преполовен

Од:

Двојно пониски од просекот за август се нивоата на реките Вардар кај Скопје, Зајчев рид, на Црн Дрим кај Ложани, на Крива река кај Крива Паланка, на Сатеска кај Ботун и на Црна кај Новаци, покажува денешната хидролошка состојба.

Според УХМР, нешто пониски од августовскиот просек се и водостоите на Вардар кај Велес и кај Демир Капија, Треска кај Македонски Брод и на Брегалница кај Берово, додека зголемувања има на Вардар кај Јегуновце, на Пчиња кај Катлановска Бања и на Струмица кај Сушево.