20:55 „Владо мори душманке“, напишано на улицата пред влада.
20:33 Избоени лавовите на мостот Гоце Делчев кои се дел од спорниот проект Скопје 2014.
20:30 Демонстрантите запалија факели под Стоковната куќа мост, извикувајќи „Шутка не ти бега Николааа“.
Демонстрантите запалија бакли #Протестирам #ШаренатаРеволуција pic.twitter.com/peJ0RBNcM0
— META.mk (@meta_agency) 14. Mai 2016
20:20 Демонстрантите се движат кон Влада.
19:47 Се фрла боја врз Собранието.
19:24 „Ма какво распуштање“, „Нема опуштање“, се пишува на улицата пред Собрние.
19:20 Граѓаните пристигнаа пред Собрание
19:10 Демонстрантите се движат кон Собранието.
18:40 Голем број граѓани кои денеска се собраа пред СЈО, го започнаа маршот кон Собранието на Македонија. На улицата пред гимназијата Јоспи Броз Тито со розева боја дел од демонстрантите испишаа „Собрание собери се“. По протестот пред Собрание, маршот ќе продолжи кон седиштето на Владата на Република Македонија.
Собери се собрание #протестирам pic.twitter.com/KFs9NgRr4N
— Martin Ko (@martinko40) 14. Mai 2016
18:00 Голем број на граѓани се собираат пред зградата на СЈО во Скопје, а потоа ќе се протестира пред Собранието на РМ.
„Државната изборна комисија констатираше дека нема услови за фер избори. Тоа што сите ние го знаевме, брзите прсти на пратениците послушници го изигнорираа и го распуштија Собранието. Ќе ве „поздравиме“ денес да ве потсетиме дека треба да си го расчистите ѓубрето што го оставивте со вашата неодговорност.
#Протестирам затоа што не не слушате нас кои ве плаќаме туку лидерот што ќе ви каже. #Протестирам затоа што не размислувате со своја глава.
#протестирам собирање pic.twitter.com/unNkGGs23G
— Martin Ko (@martinko40) 14. Mai 2016
#Протестирам затоа што немаше услови ни да се опуштите, а вие се распуштивте.
Ќе бидеме на улица се додека не се исполнат нашите барања!.
Ќе има правда, ќе има мир!“, велат од „Шарената револуција“