Активисти и љубители на животните, неформална група граѓани, денеска на Плоштад пред споменикот „Воин на коњ“, протестираат, за да се сврти вниманието на надлежните институции и широката јавност за нехуманиот третман на животните во нашата земја, за да предложат конкретни, хумани решенија и конечно да се издејствуваат промени.
Според нив години наназад Македонија сериозно затајува на полето на хуманоста врз животните и крајно е време тоа да се смени.
Тие бараат институциите да не ги игнорираат барањата за хуман и одговорен третман на животните и најстроги затворски казни за секој еден што предизвикува јавна опасност, мачи и гтруе животни.
„Повеќе од итно е да се воспостави законска забрана за слободната продажба на отровите , виско токсични супстанци кои за 10 минути може да убијат и човек, а кои во Македонија му се достапни на секого. Изговори повеќе не смее да има – полицијата мора да врши сериозни истраги и стави крај на дивеењето по улиците, сторителите мора да бидат фатени и за секој кој злоупоѕребува отрови бараме без исклучок да се изрекува затворска казна“, бараат организаторите.
