Премиерот Зоран Заев на прес-конференција и официјално соопшти дека Европската Комисија дала безусловна препорака за членство во Евроспката Унија.
„Најголемата заслуга за овој напредок, ја имаат граѓаните на Македонија. Владата посветено ги сработи реформите. Одлуката да се стави крај на штетната политика, ја донесоа граѓаните. Власта ги послуша граѓаните, кои знаат што е важно за чекорењето на Македонија кон ЕУ. Ќе продолжиме со реформскиот пакет. Власта покажа дека е инклузивна и прифаќа различно мислење, а опозоцијата покажа дека е свесна за сопствената одговорност“, вели Заев.
Според премиерот, со иста посветеност се разговара со Грција за решавање на спорот со името и како што вели, да се затвори и ова прашање.
