Инспекциите на Агенцијата за лекови откриле еден фалсификуван лек во повеќе пакувања, информира директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства, Роберт Бекироски. Тој најави дека со законските измени кои се собраниска процедура ќе се зајакне контролата на паралелниот увоз на лекови.
– Презедовме активности за справување со фалсификуваните лекови. Тие се проблем во сите здравствени системи. Инспекциските служби открија пакување од еден лек. За тие лекови подоцна, во акредитирани алборатории се докажа дека се фалсификат, и тие не се пуштени во промет , а поднесена е и пријава во Обвинителство. Во интерес на постапката во обвинителството, не можам да откривам повеќе детали за кој лек се работи, изјави Бекироски.
Ќе се зајакнува и инспекцискиот надзор на лековите, особено за инсулините за кои имаше најмногу сомнежи. Првиот човек на МАЛМЕД вели дека инсулините се детално испитани, и моментално и во иднина ќе се вршат целосни анализи.
– Паралелниот увоз на лекови е мерка која датира од крајот на 2013 година и предизвикува несигурност и недоверба кај граѓаните. Со предложените промени, дистрибутерите ќе треба да обзбедат сетификат за квалитет на прозиводот од производителот, сертфикат за квалитет од акредитирана референтна лаборатрија и доказ за следливост на лекот од местото на производство до крајното место на испорака, додаде Бекироски.
Друг сегмент на кој посветиле вниманиево МАЛМЕД е системот на несакани ефекти од лекови, кој досега според Бекироски не функционирал бидејќи имало само 48 пријави лани. со новитетите, за само два месеца стигнале околу сто пријави, а во 2018 предвидено е ново софтверско решение за пријавување и обработка на податоци. Следење на потрошувачката на лекови исто така е проблем, бидејќи досега не се спроведуавала,и податоци има само за оние лекови кои се на товар на фондот. Во иднина се очекува да се воспостави доплнителен систем кој покажува јасна и реална слика на потрошувачката на лекови во Македонија