Отворање на новата зграда на Основниот суд Скопје 1. Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев, на брифинг со новинари, потврди дека од понеделник почнува со работа новата зграда на Основен суд Скопје 1, а случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство се очекува да биде првиот предмет.
Новиот објект на Кривичниот суд има 25 судници и многу подобри услови за работа. Изградбата на новата зграда на Кривичниот суд во Скопје почна во мај 2010 година.
