Со неколкуминутно видео во кое е само тој, Али Ахмети ги пречека гостите за прославата организирана од партијата за условената покана во НАТО.
Ахмети краткиот филм го има од 2001 година со униформа па се до последните митинзи на кои бараше влез во НАТО и ЕУ.
„Доаѓам од народот, од тие што преврзуваа рани, од тие што вадеа куршуми од телото. НАТО е еден од најважните столбови за имплементирање и спроведување на Рамковниот договор. Алијансата е гаранција за стабилност во регионот“, вели Ахмети.
Одамна кажав дека сакам ние да одиме во НАТО а не тие да дојдат кај нас, и оваа анегдота често пати беше цитирана. НАТО беше и остана единствена цел за која се боревме цели 17 години, и денес можам да кажам дека сонот стана реалност. Им благодарам на сите поддржувачи на нашата цел. Ова е единствен начин граѓаните да се чувствуваат безбедни како сојузници на НАТО Алијансата, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети во видео пораката на денешниот прием што тој го организираше по повод поканата за НАТО.
На приемот организиран во еден скопски ресторан присуствуваа членови на ДУИ, поглаварот на Исламската верска заедница, амбасадорот Џес Бејли, собранискиот спикер Талат Џафери и дипломати.
Виктор Јованов