Бројот на регистрирани такси возила во Велес од почетокот на годинава е зголемен на 35, а за седум барања постапката е во тек, информира денеска велешкиот градоначалник Аце Коцевски.
Истакна дека од први јануари досега надлежната општинска инспекторка по сообраќај имаат направено 98 записници за сторени прекршоци на таксисти.
– Воедно за 30 се издадени решенија, во рок од 60 дена да обезбедат потребни документи за да извадат лиценца. За 68 е доставен прекршочен наод, доколку казната ја платат во рок од осум дена казната ќе им биде намалена за 50 отсто, појасни Коцевски.
Во почетокот на годинава беа регистрирани 150 легални такси превозници и над 150 диви таксисти во градот.
Здружението на легални такси превозници на Велес на средба со градоначалникот Коцевски при што бараа и дивите таксисти да плаќаат лиценци и сите останати давачки кон општината и државата.
Општината на почетокот на годинава процени дека може да издаде уште 100 лиценци за 250 такси возила во градот.
