А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Валандово референдум за рудникот Казандол

by А1он20/08/2017 - 09:42158
Share0

Во Валандово денеска ќе се одржи референдум на кој жителите на оваа општина треба да се изјаснат дали се за или против продолжување со работа на рудникот „Казандол“ и дали се за или против отворање рудници за металични минерални суровини на територијата на општината.

Добивај вести на вибер

За референдумот да биде успешен треба да излезат најмалку 5.200 жители со право на глас.

На 3 јули годинава Советот на општина Валандово на вонредна седница го прифати барањето за референдум на граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ и едногласно донесе Одлука за негово распишување.

Во информацијата до медиумите во тек на активностите за добивање поддршка за распишување на референдумот од инцијативата „Спас за Валандово“ наведоа дека отворањето рударски комплекс ќе биде погубно за иднината на општина Валандово.

– Ова е прашање кое не може да биде затворено од неколку луѓе зад затворени врати, затоа што Валандовската котлина, климата и еколошки чистата средина ни е дадена од генерациите пред нас, но ни е позајмена од генерациите кои доаѓаат, велат од граѓанската иницијатива.

Согласно одлуката на советниците, за одржување на референдумот се обезбедени милион и 200 илјади денари од буџетот на Валандово.

Претходно, на референдум против изградба на нови рудници се изјаснија и жителите на Богданци, Дојран и на Гевгелија.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен