Во Струга се одржува Ѓурѓовденската литија

Од:

Годинава по десетти пат во Струга се одржува Ѓурѓовденска литија на која присуствуваат илјадници верници кои ги пречекуваат светите мошти на Св. Георгиј Победоносец и неговата чудотворна икона. Литијата почна по вечерната богослужба во 17 часот.

Пред присутните прво дефилираше коњаник, облечен во римска трибунска воена облека, а молитвената поворка се движи низ централните градски улици, од другата страна на кејот на реката Црн Дрим, низ чаршијата и повторно ќе се врати во црквата, каде верниците ќе имаат можност да се поклонат пред моштите на Свети Великомаченик Георгиј.