Во тешката сообраќајна несреќа која утрово се случи кај Гевгелија починаа сопругата и двете деца на старешината на Храмот Свети Сава, Радивоје Паниќ, кој е тешко повреден, објави српски Блиц.
Несреќата се случила откако автомобилот со српски регистерски таблици “рено меган“ удрило во метален столб. Претходно “реното“ удрило во “фиат“ со гевгелиски регистраски таблици.
На лице место починала неговата сопруга, Тијана П. (45), а децата, 18-годишниот син (Н.П.) и десетгодишната ќерка, биле пренесени во медициснкиот центар во Гевгелија каде им подлегнале на повредите.
Свештеникот поради тешките повреди е пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде се набљудува неговата здравствена состојба.
Семејството се упатило во Грција, каде во следните 20 дена Радивоје Паниќ требало да држи боголслужби.