Вчера околу 18.05 часот на магистралниот пат Битола-Ресен, во близина на крстосница „Макази“ на почетокот на местото викано „Сопотски ливади“, дошло до судир помеѓу патничко возило „Даеву“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.М. (43) од с.Подмочани, ресенско и патничко возило „Хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.П. (33) од с.Долно Оризари, битолско.
Од судирот, возачот на возилото „Даеву“ се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничка болница Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Ресен.
