Двајца пешаци завршиле со тешки телесни повреди откако во нив удрило возило „цитроен џампер“, на улицата „Стокхолмска“ во Скопје.
Како што информира МВР, несреќата се случила вчера околу 10,35 часот, откако патичкото моторно возило, со скопски регистерски таблици, кое го управувувал Д.И.(37) од Скопје, удрило во пешаците Н.Т.(55) од Скопје и С.С.(53) од Р.Србија.
По незгодата на местото на настанот излегла екипа на Итна медицинска помош каде на пешаците им била укажана прва помош на самото место, по што Н.Т. била пренесена во Градската општа болница “8-ми Септември“ каде од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид и се работи на целосно расчистување на случајот.