Новата џамија и исламски центар, чиј камен-темелник за градба беше положен минатиот вторник со населбата Топанско Поле во скопската општина Чаир, ќе биде најголем верско-просветен центар на Исламската заедница во Македонија, пишува „Дневник“.
Новата џамија ќе има трапезоидна форма, која ќе има и четири минариња. Освен ова, составен дел од комплексот ќе бидат и образовен и научен центар со амфитеатар, библиотека, читалница.
Предвидено е овие содржини да се користат за едукација на студентите кои ја изучуваат исламската теологија.