Нема регистрирано поголеми пожари во Преспанскиот регион оваа сезона, информира командирот на Територијаланата противпожарна единица Ристе Илиевски.
Тој посочи дека годинава е доста мирна, пред се поради честите дождови во регионот, но и свеста кај населението.
-Од почетокот на годината до сега регистрирани се околу 70 помали пожари, од кои повеќето се полски. Имавме интевенции при сообраќајни незгоди, како и помали опожарувања на куќи, појасни Илиевски.
Тој очекува мирна летна сезона, без поголеми интервенции, нагласувајќи дека постојано вршат обиколки низ преспанските села и го едуцираат населението да внимава при фрлање отпушоци и други запалливи материјали.
Ресенската противпожарна единица пред два месеци доби донација од противпожарна опрема и теренско возило од Германија.
