Во текот на вчерашниот ден во семејна куќа во село Србица, кичевско, избувнал пожар.
При пожарот во семејната куќа на 46-годишниот М.Л. изгореле мебелот и покуќнината во спалната соба, како и 21.500 евра и 30.000 швајцарски франци.
Огнот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица – Кичево, а увид извршила екипа од кичевската полиција.
