А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Полошко 345 тешки кражби во првите девет месеци

by А1он20/10/2017 - 12:4287
Share0

Во Полошкиот регион во првите девет месеци се регистирани 345 тешки кражби со вкупно претпоставена материјална штета од 32 милиони и 840 илјади денари, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Добивај вести на вибер

Според неговите податоци оваа бројка е за 32 случаи помалку во однос на минатата година. Во овие случаи 147 биле во куќи и станови, 36 во продавници, 20 во моторни возила, пет таканаречени дрски кражби и 45 обиди за тешки кражби.

– Најголемиот број од тешките кражби биле извршени со насилно отворање на влезните врати или прозорците во подрумски простории, на приземјата од објектите или со влегување низ незаклучени врати. Најпривлечни за крадците и годинава се златен накит и пари а неретко одземани се и телевизори, часовници, мобилни телефони, бижутерија и друго. Карактеристично е и тоа што извесен број од тешките кражби пред се на златен накит или парични средства биле внатре фамилијарни односно во нив учествувале најблиски на сопствениците што не е нова и непозната појава на поширокото полошко подрачје рече Јосифовски.

Во истиот период за годинава биле забележании 118 кражби од што 32 се кражби на електрична енергија, 19 на дрва, 16 на моторни возила, две на велосипеди и мотоцикли и на различни други предмети или производи.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто