А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во општина Новаци годинава 17 ученици во прво одделение

by А1он03/09/2018 - 11:04111
Share0

Општина Новаци годинава во основните училишта запиша 17 првачиња, од нив девет почнаа со настава во училиштето во Новаци, а останатите осум ќе учат во другите населени места во таа општина.

Добивај вести на вибер

Првиот училишен час за сите првачиња се одржа во ОУ „Славко Лумбарковски“, а успех во учењето им посакаа градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузманоски и директорт на училиштето, Илче Соклевски.

– Образовниот процес во општината почнува без никакви проблеми за сите 17 првачиња, но и за сите 268 основци кои денеска ја почнаа новата учебна година. Создадовме услови за непречен образовен процес затоа што знаеме дека знаењето и вештините стекнати во образовниот процес овозможуваат развивање на новите генерации и подобра иднина, рече меѓу другото градоначалникот Кузманоски на првиот наставен час што утрово се одржа во Новаци.

Со одлука на градоначалникот и Советот на општина Новаци, оваа година на сите првачиња, локалната самоуправа им додели по 4.000 денари, еднократна парична помош.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен