Во нива во Долно Блаце е се пронајдени 14 паковки со марихуана.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, вчера во 14,55 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Б.З. пријавил дека пронашол црна торба во која имало кеси со марихуана. По пристигнување на полициски службеници на местото на настанот, констатирано било дека се работи за 14 паковки со марихуана.
Се работи на расчистување на случајот.